Поврзете се со нас

Италија

Касано со завршен коментар за „одвратната“ Италија: Го предупредив Спалети уште пред ЕП

Објавено

на

По серијата напади кои ги доби Лучано Спалети, дел од поранешните фудбалри полека застануваат во одбрана на актуелниот италијански селектор, а еден од оние кои поставија најсилен гард е Антонио Касано.

Поранешниот напаѓач има навистина лошо мислење за голем дел од италијанските фудбалери и воопшто за нивото со кое располага Спалети, но затоа има само добро мислење за искусниот стручњак кој според него е вистински гениј.

– Италија играше одвратно, изгледавме одвратно и тоа е реалноста. Игравме без личност, без карарктер, без идеја, без квалитет, без ништо. Селекторот не можеше да направи повеќе од ова. Ова е суровата реалност, имаме просечни играчи кои мислат дека се добри. Не се во право, поради нив изгледаме жално.

– Имав разговор со Спалети и го предупредив дека националниот тим е „врел компир“ и дека нема да биде лесно. Сепак, јас секогаш ќе стојам зад него, тој е фудбалски гениј. Ние имаме генијалец на клупата, а не помогнаа ниту медиумите кои жестоко го осудуваа за секој потег, – вели Касано.

Италија со судни маки се пласираше во осминафиналето на Европското првенство со гол постигнат во 98-та минута, но во нокаут рундата доби фудбалска лекција од Швајцарија и се врати дома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни