Поврзете се со нас

Свет

Касано со брутален предлог до Кристијано: Го стигна правилото кое важи за сите спортисти!

Објавено

на

Кристијано Роналдо е далеку од посакуваната форма и се гледа дека е надвор од натпреварувачки ритам во Манчестер Јунајтед, бидејќи вчера на мечот со Шпанија не погоди од две ситуации кои до скоро беа чиста рутина за него.

Најдобриот голгетер во историјата на фудбалот доживува доста тешки моменти на професионално ниво и се претвори во резерва во Манчестер Јунајтед, па по новото бледо издание кое го имаше и како член на Португалија, доби еден брутален предлог од Антонио Касано.

Човекот кој е познат по тоа што нема некои преголеми симпатии кон Роналдо, сега му препорачува дека е вистинско време да се пензионира и да им остави простор на помладите.

– Имам голема почит за Роналдо поради она што го оствари, но како играч, никогаш не сум го сакал. Меси за него е Марадона. Сите зборуваат за жрвите на Роналдо, но Меси на 14 години стигнал сам во Барселона и тоа е вистинска жртва. Роналдо треба да сфати нешто, ако веќе не може, треба да размислува за крај.

– Го стигна правилото кое важи за сите спортисти. Освои се, беше феномен на теренот, заработи толку многу пари, а сега веќе не е стартер во Манчестер Јунајтед. Време е за пензија, – смета Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни