Поврзете се со нас

Италија

Касано само со пофални зборови за Интер и Инѕаги: Не им беше лесно, Чалханоглу одлично го замени Ериксен

Објавено

на

Еден од најконтроверзните светски фудбалери и некогашен играч на Реал Мадрид, Интер и Рома, Антонио Касано упати само пофални зборови за својот поранешен тим, Интер.

„Нероаѕурите“ врзаа неколку одлични натпревари со ред по кои дојдоа на самиот врв на табелата во Серија А и сега се сериозни конкуренти за одбранување на калчолигашката титула.

Касано посочи неколку имиња кои се клучни во целата оваа ситуација, а најмногу го издвои Един Џеко кој одлично го заменил Ромелу Лукаку, иако малкумина очекуваа дека ќе се случи тоа.

– Ериксен е светски играч, но Чалханоглу досега одлично го заменува. Брозовиќ има маестрална сезона, но според мене најдобро се работи во нападот. Џеко ја држи топката и поседот во движење, има добар преглед, добра контрола и знае добро да ги проигра соиграчите. Тој е брилијантен играч и кој да игра покрај него нема да му е тешко, -изјави Касано кој потоа го пофали и тренерот, Симоне Инѕаги.

– Не му беше лесно, дојде во тим кој прв пат ја освои титулата после толку години и кој во краток период ги загуби тројцата најважни фудбалери. Со помалку силен тим постигнува исти резултати, а игра уште подобро и од претходно, -заклучи Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни