Поврзете се со нас

Италија

Касано: Роналдо е големо промашување на Јувентус, ова беше погрешен проект

Објавено

на

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано пред околу десеттина дена испрати отворени критики на адреса на Кристијано Роналдо посочувајчи дека тој е проблем за Јувентус, но и за тренерот Антонио Пирло.

Касано: Роналдо е себичен, тој е проблем за Пирло и Јувентус

Тој негов став сега уште еднаш го потврди со анализа на тоа што старата дама доби од Португалецот по неговиот премин од Реал Мадрид во Торино во 2018 година.

-Има уште една година од договорот, Јувентус го донесе за да ја освои ЛШ, но имаа најлоши резултати откако тој пристигна. И без него ќе освоеа титули во Серија А. Ова беше погрешен проект. Цели 120 години победата беше единствената работа што беше важна во Јувентус. Сè уште е обврска, но тие се обидоа да ја сменат филозофијата со Сари и Пирло.

-Роналдо нема никаква врска со идеите на Пирло. Тој ќе продолжи да постигнува погодоци, бидејќи и седејчи може тоа да го направи. Влегува од лево и може да го уништи голот, неговите удари со глава исто се уникатни. Пирло сака да ја гради акцијата од назад, сака да притисне високо на теренот. Роналдо може да одлучува мечеви, ама многу не учествува. Мислам дека ова ќе биде лоша приказна освен ако не ја освојат ЛШ, -порачува Касано за кого Интер сега е фаворит за пехарот во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни