Поврзете се со нас

Европски првенства

Касано прозва двајца играчи на Италија: Имавме голем проблем, станавме европски шампиони без напаѓач

Објавено

на

Фудбалска Италија е воодушевена од начинот на кој Роберто Манчини направи трансформација во националната селекција, па три години откако „аѕурите“ не се пласираа на Светското првенство, овој подмладен тим направи огромен подвиг и по вторпат ја врати европската круна во Рим.

Италија ја победи Англија во пенал рулетот во големото финале на „Вембли“ и ги фрли во очај фаворизираните домаќини, успех на кој се горди и поранешните фудбалери на репрезентацијата кои немаа можност да се радуваат на ваков успех на еден континентален собир.

Антонио Касано сите честитки и пофалби ги пренасочи кон селекторот Роберто Манчини, бидејќи во свој стил ги „пецна“ напаѓачите и порача дека Италија станала европски шампион без напаѓач во тимот.

Касано директно ги прозва Чиро Имобиле и Андреа Белоти кои не постигнаа ниту еден гол во нокаут фазата, но и без нивните погодоци, Италија со 13 погоодци постави свој рекорд на еден голем турнир.

– Имавме голем проблем, а тоа е дека станавме европски шампиони и покрај тоа што немавме напаѓач. Тоа е моја изјава и факт. Ова е уникатно, но тренерот ги заслужува сите пофалби бидејќи од првиот ден велеше дека оди на Европското првенство за да триумфира. На крајот го направи тоа, – вели Касано во разговорот со Виери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни