Касано предвиде колку гола ќе даде Кристијано во Серија А

kasano-mikro

Кристијано Роналдо од вчера и официјално е нов член на италијанскиот шампион Јувентус, трансфер кој секако направи португалската ѕвезда да стане топ тема на Апенините со оглед на публицитетот кој се очекува да и го донесе на Серија А во новата натпреварувачка сезона.

Сите фудбалски експерти во Италија се убедени дека Роналдо ќе биде најдоброто нешто што и се случило на Серија А во последните десетина години, а ист став има и легендарниот Антонио Касано кој одлучи да даде свој коментар за мега зделката која ја направија Реал Мадрид и Јувентус.

Искусниот напаѓач при своето обраќање за „Ванити Фер“ направи интересна споредба за Роналдо и Меси, а притоа и направи предвидување колку гола ќе постигне Кристијано во Италија според актуелниот квалитет на Калчо лигата.

– Роналдо е како Надал, фантастична атлета која има голем талент, но која посебно се осврнува на напорната работа и волјата. Меси пак е како Федерер, дури и кога извесно време не го играат тоа што најдобро го знаат, не им е потребно сила за да ја покажат магијата, – објаснува Касано и додава.

– Роналдо во Торино ќе има големо искуство. Играч од негова класа со актуелното ниво на Серија А, мислам дека може да постигне од 30 до 40 гола во една сезона и тоа неколку години во низа, – заклучува Италијанецот.

Facebook Коментари