Поврзете се со нас

Свет

Касано повторно напаѓа: Тоа што го направи Мурињо е одвратно, се надевам дека веќе никогаш нема да се врати во Италија

Објавено

на

Жозе Мурињо најави дека ќе земе заслужен одмор и после ќе решава за сите важни прашања во Рома, откако стана јасно дека Португалецот ќе остане во италијанската престолнина најмалку уште една сезона.

Тренерот на Рома не беше толку убеден за својата иднина во клубот по поразот од Севилја во финалето, но откако тимот го обезбеди шестото место во последното коло во Серија А, Жозе со јасна гестикулација стави до знаење дека не мрда од Рим и останува на „Олимпико“.

Ова донесе голема радост меѓу најголем дел од навивачите на Рома кои навистина му веруваат на Мурињо, но од друга страна, крајно незадоволен е неговиот дежурен критичар, Антонио Касано.

Поранешниот напаѓач во безброј наврати го нападна Жозе оваа сезона, па сега го обвини за сите немили случувања по финалето и кои на крајот резултираа со физички напад врз судијата Тејлор.

– Се што се случи после финалето во Лига Европа стартуваше со Мурињо. Тој прв ја загреа атмосферата, протестираше и после ги нападна судиите. После тоа, сите видовме како изгледаше исплашеното семејство на Тејлор на аеродромот.

– Слушнав како вели дека оди на одмор. Се надевам дека веќе нема да се врати никогаш во Италија. Тоа што го прави е одвратно, овие две години гледавме само кавги, тепачки и слични работи. Тој ја расипа сликата за Рома, не направи ништо добро за клубот. Ова го велам за сите мои пријатели од Рома: Се надевам дека ќе оди во Португалија и никогаш нема да се врати во Италија, – порачува Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни