Касано: Поради идентичен испад како овој на Роналдо, јас ќе заработев двегодишна суспензија!

kasano-rakavici

Антонио Касано беше еден од гостите во отвореото студио на познатата емисија „Тики Така“ во која традиционално се коментира најинтересниот меч на колото во Италија, а во дадениот случај, вчера тоа беше големото дерби во Торино кое го одиграа Јувентус и Милан.

„Росонерите“ долго одолеваа и практично го неутрализираа Јувентус на негов терен, но сепак еден индивидуален потег на Пауло Дибала го реши дербито и му донесе драгоцена победа на шампионот кој се врати на првото место на табелата. Сепак, погодокот на Дибала не беше најкоментирана ситуација по крајот на мечот, од едноставна причина што во моментите кога Аргентинецот влезе на теренот, во прв план се најде нервозната реакција на Кристијано Роналдо.

Португалецот беше бесен што беше изваден од игра втор меч по ред и директно се упати во соблекувалната, а како што подоцна јавија италијанските медиуми, првата ѕвезда на „старата дама“ го напуштил стадионот уште пред да биде отсвирен крај на мечот.

Ваквиот потег на Роналдо го искоментира токму Касано, кој одлучи сериозно да го предупреди Роналдо споделувајќи едно свое лично искуство.

– Роналдо не смее да го прави тоа. Не смее да си замине од стадионот пред крајот на натпреварот, бидејќи секогаш има претставници од антидопинг агенцијата. Во една ваква идентична ситуација, јас морав брзо да се вратам на стадионот за да избегнам двегодишна суспензија од ФИФА, – открива Касано.

Facebook Коментари