Поврзете се со нас

Италија

Касано отворен како и секогаш: Ме загрижува играта на Јувентус, нема да завршат ни во топ 4

Објавено

на

Некогашниот италијански репрезентативец и член на неколку големи европски клубови, Антонио Касано даде свое видување за ситуацијата во тимот на Јувентус.

Во таборот на „старата дама“ не цутат рози и покрај промената на тренерот, па почетокот и на оваа сезона беше далеку од очекуваниот за навивачите и раководството на клубот.

„Бјанконерите“ имаат само една победа по четири одиграни кола откако во вонредното среднеделно коло славеа со 3:2 против Специја.

– Не можам да разберам како игра Јувентус, навистина ме загрижуваат. Победија против Специја, но ќе се мачат да завршат во топ 4 доколку играат вака.

– Тие се најдобро екипираниот тим, а денес се десет поени зад водечките, играат лошо, пасивни се и се мачат иако секогаш се зад топката. Немаат идеја, им недостасува карактер.

– Претходно тука играа шампиони кои ги добиваа натпреварите со еден потег: Кристијано постигна 100 гола во три години, Гонзало многу голови, а Дибала одигра фантастичномногу пати. Сега тие се збунет тим, во тотален хаос, -изјави Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни