Касано откри за кого навива во ЛШ и даде прогноза за тоа кој ќе ја освои Серија А

kasano

Поранешниот италијански репрезентативец и некогашен член на Интер, Милан и Рома, Антонио Касано како во минатото така и денес често се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста.

Тој секогаш зборува директно и без „влакна на јазикот“, па затоа е интересен за медиумите со тоа што овојпат се отвори за Серија А и ЛШ. Касано даде свој тип за тоа кој ќе освои титулата во Калчо лигата, како ќе минат италијанските тимови во елитното натпреварување, а воедно обелодени за кого ќе навива или сака да триумфира во ЛШ.

-Интер ќе го освои Скудетото. Мојот пријател со Фиорентина ќе биде изненадуавње: тие се еден од тимовите кои знаат како да играат и да се забавуваат. Интер ќе ја мине групата во ЛШ затоа што се поквалитетни од Борусија Дортмунд, Јувентус и Наполи ќе немаат проблеми, а и Аталанта има добра шанса, -истакна напаѓачот и додаде:

-Се надевам дека Барселона ќе триумфира во ЛШ. Имам страст кон Меси, има причина зошто мојот втор син се вика Лионел. Тој е најдобриот играч во историјата. Тој е како Федерер во тенис: го имате Рожер и сите останати, -порача Касано за „Кориере Дела Сера“.

Facebook Коментари