Поврзете се со нас

Италија

Касано откри каде ќе продолжи Икарди по крајот на оваа сезона

Објавено

на

Мауро Икарди игра сосема солидно во дресот на ПСЖ каде настапува како позајмен фудбалер од редовите на Интер.

И повеќе од јасно е дека Антонио Конте не смета на некогашниот капитен на Интер и ќе го продаде во летниот преоден рок.

Во јавноста се појавија некои шпекулации кои го поврзуваа Икарди со трансфер во Арсенал и Јувентус, но Антонио Касано е убеден дека Аргентинецот ќе остане перманентно во ПСЖ.

– Сигурен сум дека Икарди веќе нема да го носи дресот на Интер и кога ќе му заврши позајмицата. Но, убеден сум дека ПСЖ ќе го купи за 70 милиони евра, затоа што тој износ за играч како него е доста исплатлив. Неговата вредност останува непроменета, -изјави Касано.

Икарди оваа сезона успеа да постигне 21 погодок на вкупно 30 натпревари кои ги одигра за ПСЖ  во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни