Поврзете се со нас

Италија

Касано не може да поверува што се случи со голема италијанска ѕвезда: Не може да одигра десет минути

Објавено

на

Федерико Киеза го напушти Јувентус по инсистирање на Тиаго Мота и мораше да си бара нова средина, па иако многумина со голем ентузијазам гледаа на неговиот трансфер во Ливерпул, засега оваа опција не се покажува како добра за Италијанецот.

Киеза одигра само 70-тина минути од стартот на сезоната и веќе неколку недели е во аут поради мускулна повреда, а менаџерот Арне Слот не излегува со премногу детали за вистинската здравствена состојба на крилото.

Ова го натера Антонио Касано јавно да побара одговори за играчот кој пред само три години беше најдобар поединец во италијанската фудбалска репрезентација, плашејќи се дека неговата кариера може да зафати сериозно лош правец од кој ќе нема враќање назад.

– Мора некој да ми каже што по ѓаволите се случува со Киеза. Играчот кој беше меѓу најдобрите, ако не и најдобар во Италија во 2021-ва година…….

– Мислев дека ќе му годи тоа што ќе игра далеку од Италија во друга лига, мислев дека ќе може да прави што сака, но сега гледаме дека не може да одигра ниту десет минути во Премиер лигата. Ќе ми каже ли некој што се случува со него?, – прашува Касано, а навистина интересно е да се види дали ќе добие одговор од претставниците на Ливерпул, или од самиот фудбалер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни