Поврзете се со нас

Италија

Касано: Инѕаги чува гениј на клупата, тој е подобар од Влаховиќ и Тирам

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Марко Арнаутовиќ полека влегува во завршница два месеци од договорот кој го има со Интер, па во ситуација кога не е познато дали ќе остане во Милано наредната сезона, од големо значење се изданија какво што имаше пред неколку дена против Калјари.

Искусниот напаѓач запиша гол и мајсторска асистенција во победата над Калјари со резултат 3:1, а оваа негова претстава го натера Антонио Касано да излезе со низа пофалби за австрискиот репрезентативец.

Антонио е свесен дека Арнаутовиќ ниту одблиску не го исполни сиот свој потенцијал, но нема дилеми дека тој е подобар фудбалер од Душан Влаховиќ и Маркус Тирам.

– Арнаутовиќ? Пред некое време велев дека е многу подобар од Кин. Отсекогаш ми бил слаба точка, тој е фудбалски гениј иако покажа само 50 проценти од својот потенцијал во кариерата. Тој ме потсетува на млад Ибрахимовиќ.

– Погледнете каква неверојатна асистенција додели до Лаутаро во саботата, убеден сум дека се уште може да биде фантастичен ако му се укаже доверба од тренерот. Во дуел со Влаховиќ, тој би победил 10:0, а гледајќи го сиот негов потенцијал, тој е подобар и од Тирам. Отсекогаш сум го велел ова за него, уште кога играше во Холандија. Физички е вистински ѕвер, може да шутира со двете нозе и може да игра на секоја позиција во нападот. Тој е феномен, – вели Касано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни