Поврзете се со нас

Италија

Касано го подбра Консеисао: Се однесува како кловн со пура во уста

Објавено

на

Антонио Касано очигледно бил испровоциран од неочекуваниот конфликт на Серџо Консеисао и Давиде Калабрија на последниот натпревар на Милан, па во својата емисија испратил многу критики на сметка на Португалецот.

Консеисао го прослави триумфот во Супер купот со пура и танц, а уште оттогаш го испровоцирал Касано.

– Победија на последните неколку натпревари многу среќно, во Супер купот Јувентус уште во првиот дел требаше да води со 5:0.

– И потоа почнува да се однесува како кловн со пура во уста, иако нема никаков кредибилитет.

– Овој Милан мора да се промени, мора да има тренер со изразен стил на игра, ова не личи на ништо.

– Друго е да се работи за Капело или Конте, овој е кловн и почнува да се однесува како филмска ѕвезда. Гвардиола може да се шета со пура затоа што има кредибилитет, Консеисао поставува правила кои никој не ги почитува, – рекол Касано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни