Поврзете се со нас

Италија

Касано ги подбра Интер и Јувентус: Инѕаги е слаб тренер, Јувентус не одигра ништо против Сити

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Антонио Касано продолжи со серијата жестоки критики на актуелни актери на италијанската фудбалска сцена, а сега на дневен ред му е Симоне Инѕаги.

Тренерот кој минатата сезона стигна до титулата во Серија А со Интер и загуби финале во Лигата на шампионите очигледно не ги исполнува критериумите на поранешниот напаѓач во однос на постигнатите резултати со квалитетниот ростер со кој располага. Коментарот на Касано доаѓа по поразот на „нероазурите“ од Баер Леверкузен во ЛШ.

– Има голема разлика на клупите на овие два тима. Додека на едната страна е феномен (Чаби Алонсо), на другата имаме еден обичен д..аџија, – рекол Касано, за што бил опоменат дури и од колегата Даниеле Адани дека сепак претерува со оценката за Инѕаги.

– Добро, да кажеме дека е слаб тренер. Кажете ми еден фудбалер на Баер Леверкузен кој би можел да игра во овој Интер?

– Разликата е во тоа што тренерот на Баер форсира фудбалер кој сакаме да го гледаме, ги проучува противниците и ги прави своите фудбалери да изгледаат подобри од што се реално.

– Од друга страна, Инѕаги на еден вака комплициран натпревар го става Тареми да се шета лево и десно. Претерав со зборот што претходно го кажав, но тој е слаб тренер и не ми се допаѓа. Загуби две скудета и е виновен за неколку порази во Лигата на шампионите, – рекол Касано.

Поранешниот италијански репрезентативец не го поштедил ниту Јувентус и неговите ѕвезди Душан Влаховиќ и Теун Копмајнерс.

– Не можам да го пофалам Јувентус, нивниот настап против Сити беше очаен, дури и на домашен терен. Играа на 0:0, честитки за победата, но не можам да го пофалам ниту тренерот бидејќи не направија ништо и играа само на контри. Сити е во лош период и Јуве го искористи тоа.

– Влаховиќ повторно беше катастрофа, не напредува бидејќи не е добро технички поткован, размислува само за постигнување голови и е хистеричен во своите реакции. Компајнерс исто така во моментов е непрепознатлив, многу е исплашен, а веќе поминаа четири месеци, – потенцирал Касано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни