Поврзете се со нас

Италија

Касано ги издвои фаворитите за титулата во Серија А и даде мислење за новиот тренер на Јувентус

Објавено

на

Поранешниот италијански репрезентативец и екс член на Рома, Интер, Милан и Реал Мадрид, Антонио Касано секогаш знае да го привлече вниманието со своите коментари и ставови, па така е и по неговото последно медиумско појавување за „Спорт Медијасет“.

Касано говореше за трката за титулата и во истата според него најсериозни кандидати ќе бидат актуелниот првак Интер и Наполи кој за тренер го назначи Антонио Конте.

-Секогаш велев дека единствениот кој можеше да го сврти Наполи минатата сезона беше Антонио Конте. Со него на клупата, тие сега се фаворити за Скудетото заедно со Интер, -вели Касано кој имаше што да каже и за стратегот кој треба да го наследни Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус-тоа е Тијаго Мота.

-Се уште се надевам дека Тиаго Мота нема да отиде во Јуве, бидејќи тоа би можело да биде истото бесмислено шоу што го гледавме со Маурицио Сари. „Бјанконерите“ не ги интересира добар фудбал, тие сакаат само да победуваат.

-Се надевам за доброто на Тиаго, навистина го ценам како тренер дека може да биде добар таму, но се сомневам дека им одговара, -заклучи Антонио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни