Поврзете се со нас

Италија

Касано експресно донесе заклучок: Тој е најдобар играч во Серија А

Објавено

на

Во италијанското првенсто се одигра почетната рунда од новата сезона, но тоа беше доволно за некогашниот ас на Интер, Милан и Рома, Антонио Касано да донесе заклучок и го избере најдобриот играч во Серија А.

Касано е познат по својот темперамент, но и по тоа што секогаш говори директно, отворено и без влакна на јазикот, па така според него број еден во Калчо лигата е летното засилување на Јувентус, Анхел Ди Марија.

-Ди Марија е феномен. Toa не го откривме сега, го знаеме 15 години иако медиумите постојано го потценуваат.

Фото: twitter.com/juventusfc

-Се работи за играч кој секогаш прави разлика, тој е најдобар во Серија А и задоволство е да се гледа. Ми велат дека е фантастичен човек и одличен работник, -истакна Касано.

Ди Марија даде гол и запиша асистенција на своето деби за Јувентус, но воедно заработи и повреда поради која одредено време ќе биде во „аут“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни