Поврзете се со нас

Шпанија

Касано: Барселона требаше да го победи Реал 10:1

Објавено

на

Foto:instagram.com/antoniocassano

Антонио Касано редовно ги коментира најинтересните теми во италијанскиот фудбал, но како фудбалер со поранешно минато во Реал Мадрид, си даде за право да го коментира и последното „Ел Класико“.

Барселона го нокаутира Реал во Џеда и оствари убедлива победа од 5:2, меѓутоа се доби впечаток дека каталонците можеа да победат и со повеќе голови разлика ако ги користеа сите шанси кои ги имаа пред голот на Куртоа.

На половина час пред крајот, олеснување за Реал беше и исклучувањето кое го доби Шчесни, а според Касано, исклучуваењто на искусниот голман спречило катастрофа за „кралевите“.

– Ако не го исклучеа Шчесни, наптреварот ќе завршеше 10:1. Повторувам, ќе завршеше 10:1, а не 10:2. Реал постигна втор гол по фаулот кој заврши со црвен картон за Полјакот.

– Заљубен сум во стилот на игра на Барселона, навистина изгледа лудо. За нив победата е послатка кога фановите уживаат во нивната игра. Заљубен сум во нивниот стил на игра уште пред да направам трансфер во Реал Мадрид. Бев заљубен во Барселона, но не се каам што направив трансфер во Реал, – вели Касано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни