Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал: Знаеме што можеме да добиеме со Мбапе

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Дани Карвахал ја освои титулата во Лигата на шампионите на последниот меч за Реал Мадрид во сезоната којашто заврши, но тука не завршуваат предизвиците за искусниот десен бек, кој сега ќе биде еден од најважните играчи во шпанскиот тим кој ќе настапи на Европското првенство.

Пред да дојде да мисли на предизвиците кои ќе ги има на турнирот во Германија, еден од капитените на Реал е меѓу првите кои даде јавен коментар за Килијан Мбапе, откако „кралскиот клуб“ конечно ја затвори операцијата која траеше со години.

Откако не го испочитува дадениот збор на Флорентино Перез пред две години, Мбапе сега беше самиот тој кој инсистираше на трансфер во Реал, а претседателот на Перез реши да му ја исполни желбата и покрај тоа што беше изигран од францускиот напаѓач.

Тимот на Реал ќе биде уште поубиствен во нападот со играч како Мбапе, а Карвахал вели дека е среќен што „кралевите“ ќе можат да му посакаат добредојде.

– Многу сме среќни и задоволни од трансферот на Мбапе. Ќе го пречекаме со отворени раце и со голем мотив. Тој е фантастичен играч, веќе некое време изгледаше се договорено, но сега е официјално. Многу сме среќни и сигурни сме дека ќе ни помогне, знаеме што можеме да добиеме со Мбапе, – изјави Карвахал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни