Карвахал за првпат се огласи за специфичниот проблем со срцето: Не чувствував ништо, но…

karvajal-1

Дани Карвахал мина низ еден навистина комплициран и сосема неочекуван период во изминативе 45 дена, бидејќи од чиста мира беше пронајде несвојствен процес во неговото тело, односно специфичен вирус кој го напаѓа срцето.

Таканаречениот перикардитис е вирус кој го напаѓа срцето и кој ако не се третира правилно може да донесе огромни и сериозни проблеми, па токму поради тоа, Карвахал во изминативе месец и половина беше подложен на постојани испитувања и посебен режим на тренинзи, а во почетниот период и мирување.

Карвахал сега во интервјуто за „Диарио Мадрид“ за првпат проговори за оваа комплексна тема и проблем со кој првпат се соочи во својата кариера, а десниот бек на „кралевите“ признава дека минал навистина тешки денови бидејќи стравувал за тоа дека ова може да значи и крај за неговото професионално играње фудбал.

– Јас не чувствував болка, но кардиологот ме информираше дека имам симптоми на перикардитис. Јас воопшто не знаев што е тоа, сакав да играм на натпреварот кој ни следеше викендот и мислев дека не е ништо страшно. Сепак, кардиологот, докторите и луѓето од клубот ме спречија во тоа. На крајот сфатив дека е нешто сериозно со кое не може да се игра фудбал. Дојде во навистина лошо време, пропуштив многу натпревари и на клупско и на репрезентативно ниво, но сега најважно е тоа што сум здрав и што се чувствувам добро. Секако дека се исплашив кога ми кажаа за каков вирус се работи. Си замислував дека може да биде нешто сериозно кое може да се претвори во хронично, нешто што може да ти стави крај на кариерата. Имало такви случаи, но докторите во секој момент само ми порачуваа да не се грижам, да бидам тррпелив и мирен. Ми рекоа дека со мирување ќе биде многу подобро, – вели Карвахал кој додава дека во овој момент е веќе подготвен за игра, па одлуката останува на Зинедин Зидан за тоа дали ќе добие шанса на дерби мечот со Атлетико кој се игра овој викенд.

– Јас сакав да се вратам и порано, но на крајот со лекарите постигнавме договор дека најдобро ќе биде да се вратам по оваа репрезентивна пауза, – додава стандардниот дефанзивец на „кралевите“.

Facebook Коментари