Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал за новиот лидер кој го добива Реал: Сите ветерани се погледнавме кога првпат го видовме ова лето!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Дани Карвахал во ексклузивниот разговор со Хорхе Валдано говореше за својата диета која му помогна да ги заборави повреди, без размислување ги избра тројцата најдобри играчи со кои соработувал во Реал Мадрид, но го истакна и влијанието кое го има новата ѕвезда во тимот.

Искусниот десен бек веќе има статус на ветеран во првиот тим на Реал со оглед на тоа што веќе десет години е дел од најсилната конкуренција, а тој и возрасните како Лука Модриќ, Тони Крос и Тибо Куртоа веднаш сфатиле за што се работи кога првпат го виделе Џуд Белингам на тренингот на Реал.

Англичанецот има старт од соништата во Реал и се претвори во главен голгетер на тимот, па со своите настапи ги воодушевува и најискусните кои во своите кариери играа и со многу поголеми ѕвезди.

– Не сакаме премногу да го фалиме и да му правиме притисок, бидејќи скалилото кое си го постави веќе е многу големо. Сите ветерани се погледнавме во очи кога првпат го видовме како тренира во пресезоната.

– Си рековме „Уф, овој знае што прави“. Тој е многу брз, технички е поткован и навистина е многу комплетен уште сега. Знае да ја сочува топката, знае што да прави со неа, но има и мирис за гол. По само три недели тренинзи со нас, почна да се разбира со сите само со испратен поглед. Навистина е многу интелигентен, – вели Карвахал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни