Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал за најтешката повреда во кариерата: Пораката од еден голем ривал најпријатно ме изненади

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Дани Карвахал си нанесе голема штета на коленото на почетокот на месец октовмри и ја претрпе најтешката повреда во својата кариера, откако деталните лекарски прегледи покажаа дека го скинал предниот вкрстен лигамент и страничниот лигамент на коленото, како и тетивата на истото.

Капитенот на Реал Мадрид со многу болка и емоции ги доживеа шокантните моменти и веднаш стана јасно дека ќе биде во аут до крајот на сезоната, па во моментите на голема тага, Карвахал открива деак огромна поддршка и сила добил од цела фудбалска заедница.

Карвахал доби безброј пораки од своите соиграчи, но и од големите ривали, а како што вели самиот, посебно го изненадила пораката која ја добил од Чоло Симеоне, тренерот на Атлетико.

– Сега сум многу подобар од првите денови по операцијата. Сега речиси одам без патерици, можам да вежбам во теретана, да возам точак и полека почнувам да ја зголемувам флексибилноста на коленото. Одам чекор по чекор, но правиме напредок и среќен сум за тоа. Знам дека ме чека долг пат, но подготвен сум да го изодам онака како што треба.

– Добив безброј пораки по најлошите вести, но најпријатно ме изненади пораката од големиот ривал Чоло Симеоне. Тој е човек кој го сака фудбалот и човек кој навистина многу го почитувам. Ние сме големи ривали, но преовладува почитта. Сметам дека делиме иста визија за фудбалот како спорт, го доживуваме со многу емоции. Затоа посебно се сеќавам на пораката која тој ми ја испрати во специјален момент, – открива Карвахал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни