Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал за најавеното засилување: Во Реал секогаш доаѓаат најдобрите

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид се уште има доста предизвици во оваа сезона, но во исто време размислува и за наредната кампања, па веќе се најавуваат звучни засилувања во летниот преоден рок.

Неколку имиња се во игра со тоа што се чини дека засега најчиста е ситуацијата со Килијан Мбапе за кого само се очекува официјално да биде објавен како член на „кралевите“. Договорот со ПСЖ му завршува, тој одлучи да ја заврши таа приказна, а неговиот избор според многу медиуми, новинари е Реал, клуб кој долги години се обидува да го добие неговиот потпис и на крајот ќе успее во таа мисија.

Сепак засега нема ништо „црно на бела“, ама и играчите се свесни дека теренот е подготвен.

-Ништо не ни кажаа. Се чини дека има можност да дојде. Во Мадрид треба да дојдат најдобрите и тој е еден од најдобрите. За Лигата и нашиот фудбал би било добро, исто како што Левандовски замина во Барселона, -рече Дани Карвахал кој смета дека доаѓањето на Французинот нема да биде проблем за соблекувалната.

-Нема љубомора, луѓето кои се најдолго во клубот се задолжени сите да веслаат во ист правец, кога некој малку ќе излета од шините, фатете го за уво и ставете го на пругата на нашиот воз, -додаде бекот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни