Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал за ѕвездата на Барселона: Морам да го влечам за уши…

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанија има тим кој е спој на младоста и искуството за престојното Европско првенство на кое домаќин е Германија.

„Црвената фурија“ можеби не е во оној прв ред на фаворити, но поседува квалитет, знаење, има асови кои знаат како се освојуваат титули, а токму еден од нив е Дани Карвахал.

Членот на Реал Мадрид е еден од најискусните играчи во тимот, па неговите лидерски способности дефинитивно ќе бидат потребни особено кога пак имате таленти како што е младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.

Ова за него ќе биде прв голем турнир на сениорско ниво и Карвахал е подготвен максимално да му помогне.

-Разговаравме пред некој ден… Му реков дека кога имав 17 години славев освојување на младинската лига со Реал Мадрид и тој е тука, игра на ЕП со сениорскиот тим и е важен во Барселона, -истакна Дани за „Марка3 и притоа се пошегува.

foto: x.com/SEFutbol

-Добар играч, но понекогаш морам да го влечам за уши за да ми помогне да се одбранам (се смее). Тој е чист талент, -порача десниот бек.

foto: x.com/SEFutbol

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни