Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карвахал: Сити не надигра, но ние сме Реал и ќе се вратиме уште посилни

Објавено

на

Реал Мадрид беше надигра на вечерашното гостување во Манчестер кај Сити, а поразот од 4-0 значеше крај на надежите за одбрана на пехарот во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ не можеа да се носат со расположението домаќин кој беше далеку подобар, поконретен знаеше што сака и сосема заслужено со вкупни 5-1 избори место во финалето во Истанбул каде за ривал ќе го има калчолигашот Интер.

-Игравме против ривал кој беше подобар од нас во овој меч, тие не надиграа, -истакна дефанзивецот Дани Карвахал.

-Можеме да признаеме дека Сити беше подобар, нешто ни недостасуваше. Не се работеше за ставот, дозволивме премногу да не притиснат. Во второто полувреме, ги имавме нашите најдобри моменти. Знаевме дека Сити е многу силен дома, но по првиот натпревар имавме чувство дека можеме да бидеме подобри од ова овде – подобро на топката. Ние сме Реал, ќе се вратиме посилни и ќе работиме навистина напорно следната сезона за да се вратиме во оваа фаза на турнирот, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни