Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

За разлика од порано, Флорентино Перез во последните неколку години малку ја промени политиката и почна да ги продолжува договорите и на играчи кои имаат над 33 години, но сепак и натаму важи строгото правило кое вели дека во доцната фаза од кариерата, перформансите се судат од година во година.

Перез нуди само едногодишни договори за играчите кои имаат повеќе од 33 години, така беше со Модриќ, Крос, Начо и Васкез, а така се очекува да биде и со Дани Карвахал следново лето.

Искусниот десен бек ги одработува последните месеци од актуелниот договор со Реал Мадрид и во јануари ќе наполни 33 години, со што автоматски ќе влезе во кругот на фудбалери кои добиваат самот едногодишни договори.

Без оглед на тоа, Карвахал сега сам излезе со изјава и понуди едноставно решение за својата иднина, па со тоа автоматски топката ја префрли кај претседателот Перез.

– Ако сите страни во клубот се согласни за тоа, сакам да го продолжам договорот и да останам во Реал Мадрид. Тоа отсекогаш сум го сакал, го сакам и во оваа фаза од кариерата. Не би играл за ниту еден друг клуб во Европа од почит кон Реал Мадрид. Или Реал, или никој друг во Европа, – вели Карвахал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни