Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал по операцијата: Имаше болни моменти, долги ноќи…

Објавено

на

Шпанскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Дани Карвахал доживеа тешка повреда на средбата против Вилјареал во Примера, повреда која долго време ќе го оддалечи од фудбалските терени.

Настрада коленото на десниот бек и мораше да му биде извршена операција за да сега започне процесот на закрепкување кој може да биде и до една година што значи дека Дани може да се врати во 2025 година ова време под услов се да биде како што треба.

На Карвахал не му е лесно и потврда за тоа е она што го сподели за „Релево“ за првите денови по операцијата.

-Помина една недела од операцијата, со болни моменти, долги ноќи и тешки чувства за справување. Но, во исто време, ја почувствував многу силната љубов на сите околу мене, што го прави процесот попријатен. Една недела помалку, -порачал бекот на „кралевите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни