Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал откри каде ќе ја продолжи кариерата: Тоа веројатно е мојата наредна дестинација

Објавено

на

foto:x.com/mundodeportivo

Дани Карвахал поради потешка повреда на коленото ќе ја пропушти цела оваа сезона со тоа што пред некое време изјави дека посакува да биде фит и подготвен за историското светско клупско првенство кое следното лето ќе се игра во Соединетите Американски Држави.

Меѓутоа шпанскиот репрезентативец веќе размислува и за следните чекори во кариерата, поточно за дестинацијата по завршувањето на приказната со Реал Мадрид со кого има договор до 2026 година.

-Имам 32 години, повеќе не сум дете. Што може да ми остане? Четири или пет години фудбал? Не е многу, времето брзо минува, -истакна Дани кој го издвои Катар како земја каде би можел да се пресели, место каде што игра Хоселу Мато со кого е поврзан затоа што двајцата се во брак со сестрите близначки Дафни и Мелани.

-Не би ми изгледало лудо. Веќе реков дека ако некогаш го напуштам Реал Мадрид, нема да играм во Европа, нема да се натпреварувам против Мадрид во Лигата на шампионите или во Шпанија. Тоа би било веројатна дестинација. Хоселу ми вели: „Те чекам овде, ти ја чувам позицијата десен бек. Тоа е натпреварување во кое сите стадиони се блиску, има многу висок квалитет на живот.

-И тој тоа го заработи, да го има тој важен финансиски надомест, што е спектакуларна кулминација на неговата кариера. Многу сум среќен за него, за мојата снаа и за моите внуци, -истакна Шпанецот.

Инаку Хоселу го носи дресот на Ал Гарафа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни