Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал објасни зошто Реал е непобедлив во финалињата на ЛШ: Постојат три клучни елементи

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Дани Карвахал постигна клучен гол во финалето на „Вембли“ и го доближи Реал Мадрид до 15-та титула во Лигата на шампионите, нешто што подоцна беше потврдено од Винисиус Жуниор со вториот погодок во мрежата на Борусија Дортмунд.

Иако изгледаше дека се мачи во првиот дел, Реал повторно покажа истрајност и голема класа на завршните натпревари во Лигата на шампионите, па Дани Карвахал во интервјуто за „Марка“ се обиде да објасни зошто тој и неговите соиграчи изгледаат непобедливо во финалињата на најелитното натпреварување.

– Има повеќе причини зошто изгледа така, но мислам дека три се клучни. Талентот, начинот на кој се натпреваруваме и тоа што никогаш не се откажуваме. Може да има и други специфични причини, но тоа се трите клучни за нашиот успех во финалињата, – вели еден од капитените на Реал Мадрид.

Карвахал на „Вембли“ стигна до својата шеста титула во најелитното натпреварување, а сега како еден од најискусните ќе се обиде да му помогне на шпанскиот тим кој ќе се натпреварува на Европското првенство.

– Идејата е победничкиот менталитет од Реал да се префрли и во репрезентацијата. Сакам да им пренесам на младите дека можат да победуваат, дека треба да се борат до крај и да се адаптираат на секакви услови. Само така можеме да стигнеме далеку на турнирот во Германија, – потенцира десниот бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни