Лига на шампиони
Карвахал објасни како ја „стави во џеб“ големата ѕвезда на Ливерпул: Искуството дојде до израз

Дани Карвахал добиваше доста критики во првиот дел од сезоната и почна да се пишуваат коментари дека на Реал Мадрид му е потребен нов десен бек, но искусниот шпански репрезентативец им ги затна устите на сите критичари со изданијата во клучниот дел од сезоната.
Многумина прогнозираа дека Каравахал ќе биде фудбалски „оддуван“ во големото финале во Лигата на шампионите против Ливерпул од страна на сензационалниот Луис Диаз, но реалноста е дека Дани го стави Колумбиецот во „џеб“, поради што Јирген Клоп мораше да го менува крилниот напаѓач во второто полувреме.
Диаз без конкуренција беше најдобар играч на Ливерпул во завршниот дел од сезоната, па поради тоа, Карвахал имал добра подготовка и се обиде да објасни како се справил со брзоногиот ривал.
– Реалноста е дека дојдов одлично подготвен во завршмниот дел од сезоната и сакав да направам моето искуство од претходните четири финалиња во Лигата на шампионите да дојде до израз. Истото важи и за четирите трофеи кои ги имав до ноќта во Париз.
– На Колумбиецот Диаз тоа му беше прво финале и тоа што го правев беше едноставно, постојано бев блиску до него и не му оставав простор. Знаев каква опасност носи на празен простор и мислам дека ги добив дуелите во најголем дел од мечот. Всушност, тоа беше клучно за цел тим. Ги добивме дефанзивните дуели во најдобар дел, а кога не беше така, Куртоа не спаси во неколку ситуации, – вели Карвахал.
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 15 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Светпред 24 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
АТПпред 22 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика