Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал накратко објасни зошто Реал потешко ја освојува титулата во Ла Лига од ЛШ

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Дани Карвахал после напорната сезона веднаш се приклучи на шпанската репрезентација и се стави на располагање на селекторот Де ла Фуенте, а како еден од најискусните во тимот, има задача да дели совети и до младите колеги.

Десниот бек на Реал Мадрид веќе долго е дел од елитата и на почетокот на овој месец ја освои шестата титула во Лигата на шампионите, успех кој пристигна по трофејот освоен во Ла Лига.

Реал имаше блескава сезона и покажа дека е доминантен во Европа, но овојпат брилјираше и во Ла Лига каде малку повеќе се мачи да дојде до трофејот на домашна сцена.

Правејќи една паралела поединечно за Карвахал, Дани има освоено шест титули во Лигата на шампионите и четири во Ла Лига, а дефанзивецот се обиде да објасни зошто потешко е да се направи успех во домашното првенство.

– Станува збор за две различни натпреварувања. На крајот на краиштата, во Лигата на шампионите често одлучува само еден меч во кој мора да бидете ментално цврсти. Една грешка ве испраќа дома и мора да бидете одлучни на двете страни од теренот.

– Од друга страна, во Ла Лига сите во Шпанија сакаат да го победат Реал Мадрид. На секој меч во Ла Лига мора да бидеме на 120 посто, бидејќи противничките играчи го играат мечот на својот живот кога излегуваат на терен против Реал. Може слободно да ги прашате играчите на Осасуна, Мајорка или Хетафе. Потешко е да го повторите највисоко ниво секој натпреварувачки викенд, – вели Карвахал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни