Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Карвахал му одговори на Чави: Освоивме 5 трофеи во ЛШ во последните 9 години, за каква среќа зборуваме?

Објавено

на

Реал Мадрид се подготвува за новиот предизвик во Лигата на шампионите каде за ривал ќе го има составот на Шахтјор Доњецк.

„Кралевите“ имаат два од два во групата и сакаат да го задржат 100 процентниот учинок на „Сантијаго Бернабеу“, а во пресрет на оваа обврска во центарот на вниманието се најде дефанзивецот Дани Карвахал.

Карвахал даде коментар на изјавата на тренерот на Барселона, Чави Ернандес кој порача дека Примера е поправедно, пофер натпреварување, односно според него во ЛШ не секогаш победува најдобриот тим.

-Секој има свое мислење. Мислам дека кога ќе освоите пет од последните девет изданија на Лигата на шампионите, за каква среќа зборуваме?

-Фудбалот е за резултати и тој што ќе постигне најмногу голови и ќе прими најмалку победува. Ние сме најдобри во тоа. Тешко е да се зборува за правда. Ова се резултати. Минатата сезона настапивме силно во Ла Лига, а во ЛШ имавме добри и лоши игри, но успеавме да го освоиме трофејот. Секогаш зборуваме за правда или неправда само кога Реал победува, -порача шпанскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни