Поврзете се со нас

Свет

Карвахал мина неказнето за подмолен потег, па порача: Освоивме една, има уште пет титули (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Дани Карвахал прокнижи уште еден трофеј како играч на Реал Мадрид и ја збогати својата ризница заедно со соиграчите, чија цел ќе биде да продолжат во исто темпо како во оваа 2022-ра година.

Од стартот на годината, вчерашниот во Хелсинки беше четврти трофеј за „кралевите“, а слично како Анчелоти, Каравахал си даде сериозен предизвик за новата натпреварувачка сезона.

Реал ја отвори со прв трофеј, но десниот бек најави дека тој и соиграчите ќе ги нападнат и останатите пет, оние на Светското клупско првенство, шпанскиот Суперкуп, Ла Лига, Копа дел Реј и Лигата на шампиони.

Тимот на Анчелоти го доби и третото последователно финале оваа година на кое не прими ниту еден гол, а искусните играчи како Карвахал знаат да играат и подмолно на моменти, па десниот бек мина неказнето за еден намерен старт на крајот на првото полувреме.

– Секој меч е тежок и бара да носите одредени одлуки во некои фази, но ние се бориме за се секоја година. Барселона, Атлетико и Севилја ќе сакаат да ни ги направат работите тешки во Шпанија и сигурни сме во тоа, но ние ќе ги нападнеме шесте титули. Една освоивме, остануваат уште пет, – порача Карвахал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни