Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал: Мбапе ќе го памети утрешниот ден до крајот на својот живот

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Килијан Мбапе го облече дресот на Реал Мадрид и веќе го искуси чувстото да постигне гол во белата униформа на „кралевите“, но според Дани Каравахал, најпосебните емоции ќе ги доживее дури утре.

Европскиот шампион ја почнува одбраната на титулата против Штутгарт на домашен терен и влегува како апсолутен фаворит во оваа пресметка, а Карвахал како заменик капитен на Реал Мадрид имаше шанса да го најави мечот на прес-конференцијата.

Искусниот десен бек на Реал е сигурен дека утрешниот ден ќе остане вечно во сеќавање во мислите на францускиот напаѓач, особено поради фактот што ноќите во Лигата на шампиони носат посебни емоции и чувства на „Сантијаго Бернабеу“.

– Мбапе е играч кој веќе има искуство со играње во Европа и ќе знае како да се справи со притисокот. Утре ќе дознае какво е значењето да се брани дресот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Сигурен сум дека утрешниот ден ќе го памети до крајот на својот живот.

– Мојата иднина во Реал? Тука за сите работи раководи клубот и претседателот Перез. Во овој момент знаеме дека на играчи на моја возраст им се нуди договор од година за година. Од моја страна нема да има никаков проблем, секако дека би потпишал, – изјави Карвахал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни