Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал: Коленото ми е уништено, сакам да се вратам…

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Дани Карвахал требаше да биде еден од лидерите во тековнава сезона на Реал Мадрид, но големиот борец доживеа тешка повреда на коленото и го очекува подолга пауза од терените.

Меѓутоа процесот на закрепкување е веќе започнат и Дани се надева дека се ќе помине во најдобар ред и ќе биде подготвен за настап на првото историско светско клупско првенство кое ќе се игра во периодот од 14 јуни до 13 јули во Соединетите Американски Држави.

-Се чувствував како да ми е уништено коленото, грубо кажано. Тоа беше сериозна повреда, но тоа се ризиците на оваа професија и треба да се соочите со неа, свесни со што се носите, но со ентузијазам, желба и одлучност за закпрекување. Ова е само уште еден камен на мојот пат, ќе видиме како се ќе се развива. Коленото си одзема време, но јас го поставив како цел како што се приближува посакуваниот датум, ќе видиме дали е изводливо или не, -рече десниот бек кој говореше за Реал.

-Многу повеќе страдате однадвор. Имате поинаква визија за тимот, начинот на кој можете да помогнете. Се трудам да дадам свој мал придонес, разговарам со соиграчите, прашувам како се. Бидејќи колку што можам да видам… за жал имаме многу поголеми и помали повреди, но кога ќе се акумулираат две-три… го оневозможуваат правењето ротации и го зголемуваат ризикот од други повреди во тимот. Мислам дека досега прилично добро се справуваме со ситуацијата.

-Оваа година пристигна важен играч Мбапе, но имаше и важни збогувања како оние на Крос, Начо и Хоселу. Мора да ги прилагодиме сите парчиња од сложувалката, ќе видиме каде ќе завршиме, -заклучи Шпанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни