Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал ја овековечи најспецијалната слика од шампионската прослава на Реал: Те сакам со целото мое срце (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Дани Карвахал како еден од капитените на Реал Мадрид беше постојано во центарот на вниманието за време на шампионската прослава на 15-та титула во Лигата на шампиони, но шпанските медиуми посебно се посветија и на еден детаљ кој беше навистина интересен.

Таткото на Карвахал со децении е полициски службеник и за време на шампионската парада доби за задача да биде еден од полицајците кои јаваат коњ, а главна цел му беше да го чува автобусот на кој беше качен и неговиот син.

Ова видео брзо стана вирално во неделата, но два дена подоцна, Карвахал откри дека го овековечил моментот и ја избра најспецијалната слика од шампионската прослава.

– Горд сум што го споделив овој неверојатен момент со тебе. Да те видам качен на коњ после толку години само за дад ме направиш среќен, ме исполни во целост. Ова е спомен кој ќе го паметат твоите внуци целиот живот, има премногу емоции на една фотографија.

– Ти благодарам тато што си најобриот, поради тоа што ме научи што е вистинска љубов, што ме научи што значи да се вреднува трудот и пожртвуваноста, тоа што ме научи да направам среќен некој што го сакам. Те сакам со целото мое срце, – му порача Карвахал на својот татко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни