Карвахал испрати порака до соиграчите: Кој не верува во овој тим може…

karvahal

Тимот на Реал Мадрид забележа уште еден неочекуван резултат и тоа против Вилјареал кој со мајсторскиот погодок на Пабло Форналс го освои „Сантијаго Бернабеу“.

Со овој резултат „кралевите“ дополнително си ги намалија шансите за одбрана на пехарот во Примера, односно ќе треба да се случи вистинско чуда и да ја надокнадат негативата од 16 поени во однос на лидерот Барселона.

Меѓутоа без разлика на се десниот бек Дани Карвахал има позитивен став и им испрати јасна порака на своите соиграчи.

-Резултатот не не награди за она што го направивме во 90 минути. Во второто полувреме плативме за нашиот замор, но имавме повеќе шанси. Ова е многу тешка ситуација, но оној што не верува во овој тим може да замине, -порача десниот бек.

Facebook Коментари