Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона постигна гол во 92-та минута и оствари трета победа во низа на „Ел Класико“ пресметките против Реал Мадрид, со што зададе и многу важен удар во битката за титулата во Ла Лига.

Иако Карло Анчелоти вели дека неговиот тим ќе се бори до самиот крај, Тибо Куртоа беше искрен и по поразот од 2:1 посочи дека негативата од 12 бода тешко ќе се надокнади, но додека Белгиецот беше доста мирен, Дани Карвахал ја загуби главата во тензијата по последниот судиски свиреж.

Искусниот десен бек имаше доста проблеми по својата десна страна за време на натпреварот и од таму започна акција по која Барса го постигна клучниот гол, а по последниот судиски свиреж, реши нервоата да ја исфрла на третиот голман на Барселона.

Карвахал влезе во жесток клинч со Арнау Тенас, но младиот голман не остана должен и настана вистинска мешаница на теренот.

Чуварот на мрежата навистина избувна и мораше да биде сопрен од неколку фудбалери, вклучувајќи го и Араухо кој во еден момент заврши и на земја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни