Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал има сензационален предлог за свој соиграч од репрезентацијата: Секој ден му велам да потпише за Реал!

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Дани Карвахал го пропушти полуфиналето на Европското првенство поради црвен картон, но откако ја одлежа суспензијата, може да им биде благодарен на соиграчите кои ја победија Франција и што му овозможија повторно да биде дел од еден голем меч.

Десниот бек на Реал сигурно ќе се врати во стартниот тим на Де ла Фуенте за неделното финале, но на три дена пред истото, искусниот дефанзивец испорача една интересна изјава поврзана за најконстантниот играч во шпанскиот тим.

Родри прерасна во вистински лидер во средниот ред на Шпанија и извонредно добро го замени Бускетс, а како човек кој важи за еден од најдобрите во светот на својата позиција, секојдневно добива и интересен предлог од Карвахал.

– Секој ден му велам да го напушти Манчестер и да потпише за Реал. Му велам да си замине од Манчестер, таму нема сонце……

– Покрај тоа, тој е играч каков што немаме во Реал, мислам дека ќе ни биде потребен таков фудбалер. Родри е роден во Мадрид и би било добро да заигра за Реал. Тој постојано ме избегнува кога му го кажувам тоа, но според мене, тој би бил идеално засилување за Реал. Шпанец кој би играл за Реал, тоа би било идеална комбинација, – заклучува Дани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни