Шпанија
Карвахал гледа светлина на крајот од тунелот: Колку ми недостасувавте (Фото)

Дани Карвахал заработи тешка повреда на коленото пред пет месеци и мораше да подлегне на оперативен зафат, интервенција поради која стана јасно дека нема да може да им помогне на своите соиграчи оваа сезона.
Капитенот на „кралскиот клуб“ мораше да мине низ тежок процес на рехабилитација кој бара многу трпение, но бидејќи полека влегува во завршната фаза, сега за првпат облече и копачки.
Десниот бек на Реал денеска самиот се пофали дека имал тренинг сесија во која за првпат ги облекол копачките после пет месеци, па самиот не криеше колку му недостасувало ова чувство.
– Колку само ми недостасувавте……, – порача Карвахал на социјалните мрежи.
Оваа порака од капитенот предизвика и многу позитивни реакции меѓу навивачите на Реал Мадрид, бидејќи полека се отвора можност тој да се врати на терените во месец мај и да одигра неколку меча во финишот од сезоната.
-
Македонија23 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија21 час
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Шпанија23 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија9 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија4 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија8 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија18 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите