Поврзете се со нас

Шпанија

Карвахал ги избра тројцата најдобри играчи со кои ја делел соблекувалната во Реал

Објавено

на

https://twitter.com/realmadrid

Дани Карвахал е фудбалски прозивод на Реал Мадрид и успеа да се избори за шанса во првиот тим, но неговиот фудбалски пат не беше баш така едноставен, бидејќи дефанзивецот мораше да се докажува во Германија, пред да биде вратен назад од својот матичен клуб.

Карвахал низ годините прерасна во еден од најдобрите десни бекови во светот и сега е еден од поискусните во првиот тим на Реал, клуб во кој ова лето наполни точно десет години откако се врати.

Дефанзивецот освои пет титули во Лигата на шампионите и освои се што можеше да се освои, но имаше можност да соработува и со професионалци со кои изгради пријателства за цел живот.

Во интервјуто кое му го направи Хорхе Валдано за „Мовистар плус“, Карвахал ги избра тројцата најдобри играчи со кои ја делел соблекувалната во Мадрид, а тоа се Кристијано Роналдо, Серхио Рамос и Лука Модриќ.

– Ќе кажам Кристијано, Рамос и Модриќ. Тоа се играчи кои секогаш ти зборуваат, а кога го прават тоа, треба да ти бидат вклучени сите сетила. Мора да фаќате белешки кога тие зборуваат. Ги гледав како доаѓаат во 6 наутро во тренинг центарот и како почнуваат да тренираат, тројцата се брутални. Лука успеа да однесе во финале една така мала земја како Хрватска. Тука пристигна како играч на кого му тежеа нозете од притисок, но потоа ги освои сите во клубот и тоа што го направи е неверојатно, – вели Карвахал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни