Поврзете се со нас

Англија

Карсли не почна добро во Англија и покрај победата: После лошата најава, погреши и при самиот влез на теренот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/England

Ли Карсли ја разлути англиската спортска јавност со најавата дека нема да ја пее националната химна како селектор на најсилниот тим, па во ситуација кога некои медиумите веднаш побараа да му биде врачен отказ, привремениот предводник на тимот не почна добро и при излегувањето на теренот.

Карсли вчера излезе прв на теренот во Даблин пред самиот старт на мечот во Лигата на нации, но мораше да биде коригиран од делегатите и да биде испратен на друга страна.

Наследникот на Герет Саутгејт самиот се погрижи да има контроверзен старт на авантурата како селектор, па покрај спорната најава, вчера ја утна и клупата на која треба да седи како гостински селектор.

Карсли во својата кариера ги бранеше боите на Ирска и можеби тоа беше причина плус да биде збунет пред стартот на мечот, но англиските фановите немаат баш голема толеранција за вакви работи и во прв момент се крајно незадоволни од постапките на привремениот тренер.

По заминувањето на Саутгејт, Англија се поврзуваше со ангажман на многу позвучни имиња, но засега лидер останува човекот кој беше промовиран како привремен селектор од У21 тимот на Англија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни