Поврзете се со нас

Балкан

Карлос може да биде нов селектор на Косово

Објавено

на

Бразилската фудбалска легенда Роберто Карлос е кандидат за селектор на Косово.

Нашиот сосед остана без предводник откако беше одлучено да се прекине соработката со Швајцарецот Бернард Шеландеш, па сега токму Карлос е еден од стручњаците што може да го пополни испразнетото место.

Некогашниот ас на Интер и Реал Мадрид веќе подолго време нема никаков ангажман, па ова дефинитивно би му бил најголем предизвик во кариерата ако се земе предвид дека претходно ги водеше Анжи, Сиваспор, Акхисарспор и Делхи од Индија.

Косово е на последното место во квалификациската група Б (4 бода) за Светското првенство во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни