Поврзете се со нас

Шпанија

Карлос ја посочи најлошата слика од големото мадридско дерби: Првпат гледам ваква сцена во Шпанија

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Роберто КАрлос како амбасадор на Реал Мадрид е дел од речиси секој важен натпревар на „кралевите“, па така било и вчера на „Метрополитано“ во големото мадрилењо дерби.

Атлетико и Реал ремизираа во дербито кое ќе се памети по прекинот кој го предизвикаа најрадикалните навивачи на домашниот тим, а лошата слика која беше оставена за шпанскиот фудбал го натерале Карлос да ги напушти трибините и воопшто да не го догледа мечот.

Легендарниот бразилски лев бек не може да поверува дека во оваа модерна ера се уште им е дозволен влез на маскирани навивачи, бидејќи според извештаите, најголем дел биле такви лица кои испраќаа предмети кон Тибо Куртоа.

– Најмногу ме загрижува лошата слика која ја оставивме за шпанскиот фудбал, а тоа не ни се случува првпат. Не е важно за кој стадион станува збор, тоа што се случи вчера не смее да се повтори. Сега треба да чекаме реакција од Федерацијата која треба да донесе важни одлуки. Поради одредени поединци трпи цело општество, трпи цел шпански фудбал и не смееме да дозволиме такво нешто. Многу години минав во оваа земја, безброј пати играв на различни терени и стадиони и како амбасадор можам да ви кажам дека добиваме многу критики за тоа што се случи вчера.

– Куртоа само го прослави голот, не возврати со запалки кои беа упатени кон него, или нешто слично. Овие работи ги имаше и во мое време, но Куртоа не направи ништо за да предизвика такви реакции. Тој само го прослави голот, ниту навреди некого, ниту направи срамен гест.

– Имам почит кон Атлетико, за сите негови фанови, но тоа што се случи вчера не е нормално. Сликата која ја оставивме е брутално лоша. Мислам дека видов фанови со качулки на натпревар во Мексико, а сега тоа го видов и во Мадрид. Првпат гледам таква сцена во Шпанија. Очигледно тие луѓе беа подготвени за нешто лошо, беа подготвени да наштетат. Има зошто си го кријат лицето и за мене тоа е многу чудно. Се надевам дека вакво нешто нема да ни се повтори, – вели Роберто Карлос.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни