Поврзете се со нас

Шпанија

Карлос го спореди Белингем со три легенди на Реал: Има неверојатни квалитети…

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Џуд Белингем беше најскапото засилување за Реал Мадрид во летниот преоден рок и секако постоеја одредени дилеми, прашалници како тој ќе се снајде на „Сантијаго Бернабеу“ и дали ќе може да ги оправда високите очекувања.

Меѓутоа тој веќе по неколку месеци покажа дека е вистински избор, играч кој го радува и ќе го радува Реал и неговите навивачи, а доказ за тоа се неговите неверојатни бројки, 13 голови на 14 натпревари што е навистина импресивно.

Комплименти, пофалби има од сите страни, а меѓу оние кои се огласија е и славниот Роберто Карлос кој го спореди Англичанецот со три легенди на шпанскиот великан.

-Во одредени моменти ме потсетува на Зизу, а потоа игра малку повеќе како Раул. Тој исто така ја има интелигенцијата на Фернандо Редондо, така што навистина има по малку од секој играч. Но, јас секогаш велам дека секој фудбалер има свој стил на игра и има некои неверојатни квалитети, -порача Карлос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни