Шпанија
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..

Карло Анчелоти брзо ги потисна критиките со две победи во низа на Реал Мадрид, па своето обраќање по триумфот над Лас Палмас го искористи за да испорача ироничен „поздрав“ до шпанските новинари, но и целокупната спортска јавност во оваа земја.
Италијанецот се најде на удар по тешкиот „Ел Класико“ пораз во Џеда и мораше да трпи жестоки критики, но само една недела подоцна, Реал е нов лидер во Ла Лига откако ги искористи киксовите на Атлетико Мадрид и Барселона.
Реал и натаму останува во игра за двата најважни трофеи до крајот на сезоната, а бидејќи Анчелоти се навикна неговиот тим да ја темпира најдобрата форма за завршниот дел од сезоната, сега си даде за право со сарказам да им се обрати на новинарите.
– Фудбалот стана таков, што честопати ме остава збунет. Се уште сум збунет од тоа како се менуваат работите во една недела.
– Велите дека има денови кога играме многу лош фудбал, но сега ја гледам табелата и гледам дека Реал Мадрид е лидер во Ла Лига. Ќе продолжам да учам од сето ова и ќе видиме на крајот дали грешам, или не, – изјави Анчелоти.
-
НБА14 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија7 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Италија9 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
Шпанија11 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
НБА14 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП8 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија4 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..