Поврзете се со нас

Шпанија

Карло не може да крене глава од проблеми: Лекарскиот тим на Реал соопшти нови лоши вести за Анчелоти (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид остана без Едер Милтао до крајот на сезоната поради тешката повреда на коленото која ја заработи против Осасуна, но ова не беше единствена лоша вест од хорор полувремето на „Сантијаго Бернабеу“.

Карло Анчелоти мораше да направи три принудни измени по 45 минути игра против Осасуна, бидејќи покрај тешко повредениот Милитао, на проблеми се пожалија и Родриго и Лукас Васкез.

По направените детални прегледи во понеделник наутро, Реал Мадрид како клуб соопшти вести кои носат нови главоболки за Анчелоти, кој сега нема да може да смета на двајцата до месец декември.

Родриго има посложена повреда на квадрицепсот и поради истата ќе паузира од пет до шест недели, додека Васкез поради повреда на адукторот ќе паузира еден месец.

Повредата на Васкез значи дека Анчелоти останува и без принудната опција за десен бек, па сега останува да се види кој е игра на десната страна во дефанзивата по репрезентативната пауза.

Дон Карло има огромни проблеми со повредени играчи од стартот на сезоната, а во овој момент дел од здравствениот билтен Карвахал, Алаба, Куртоа, Чуамени, Васкез, Родриго и Милитао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни