НБА
Карлајл: Дончиќ е посебен, тој е како Џордан, Брајант, Леброн…

Тимот на Далас Маверикс славеше над Бостон Селтикс со 110-107, а за тоа е најзаслужен Лука Дончиќ кој даде 31 поен со 10 скокови и 8 асистенции.
Во завршницата Лука даде две тројки и со тоа го реши победникот на дуелот во Тексас и воедно со тоа уште еднаш ја импрсираше кошаркарската јавност и сите фанови. Тренерот на Далас, Рик Карлајл смета дека Словенецот е посебен играч, ас во рангот на великаните како Мајкл Џордан, Лери Бирд, Коби Брајант…
-Луѓето како Лука Дончиќ, Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Лери Бирд, Коби Брајант, имаат неверојатен фокус во такви ситуации, тешко е да се објасни како работи нивниот ум. Она што го видов со текот на годините, кога играта станува се понеизвесна, а моментот е се поважен, нивниот фокус е само на тоа што му треба на тимот.
-Не е важно дали станува збор за асистенција или шут. Лука е многу посебен вид играч. Не само што е фокусиран кога е потребно, туку има голема желба и способност. И двата шута беа феноменални. На последниот напад знаевме дека немаме тајмаут и дека топката ќе отиде во рацете на Лука. Тој правеше работи кои го одземаат здивот, -истакна тренерот на Маверикс.
This 21 year-old is DIFFERENT 🪄🪄🪄 pic.twitter.com/pSuY744zvA
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) February 24, 2021

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 16 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 15 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 15 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 17 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 13 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 17 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)