Поврзете се со нас

НБА

Карл: Јокиќ може да биде меѓу десетте најголеми на сите времиња, но под еден услов

Објавено

на

Никола Јокиќ и оваа сезона блеска во НБА лигата и сигурно ќе биде во најтесна конкуренција за признанието МВП, награда која ја освои минатата година.

Србинот едноставно го носи Денвер Нагетс од натпревар во натпревар, па често испишува и нови страници како на средбата против Детроит Пистонс каде стана прв играч во историјата на НБА лигата кој запишал повеќе од 5.000 скокови и 3.000 асистенции на своите први 500 натпревари во најсилиот шампионат.

Поради сетоа ова често добива комплименти, па така според славниот стратег Џорџ Карл ѕвездата на Денвер може да биде и меѓу најдобрите десет играчи во историјата под услов да освои титули.

-Јокиќ е на пат да обезбеди место меѓу десетте најдобри играчи на сите времиња. Ама тој статус за играчот бара освојување на шампионатот. Може ли организацијата на Денвер да состави тим кој го поддржува тој пат?, праша Карл кој во НБА лигата ги водеше Кливленд, Голден Стејт, Сиетл, Милвоки, Денвер и Сакраменто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни