Поврзете се со нас

Германија

Кариус се врати на голот после една година и со МВП издание ги воодушеви фановите на Шалке (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/s04_en

Лориус Кариус потпиша за Шалке 04 пред речиси два месеци, но искусниот голман мораше да чека на своето деби до вчеравечер на натпреварот против Мунстер.

Поранешниот голман на Ливерпул не успеа да крене глава од проблеми откако си замина од „Енфилд Роуд“, но неговото прво издание за новиот клуб предзивика први позитивни реакции околу неговото име после долго време.

Кариус последниот настап на еден фудбалски терен го имаше пред повеќе од една година на натпревар меѓу Њукасл и Арсенал, а кам-бекот на теренот го прослави со МВП издание.

Лорис имал пет клучни одбрани на вчерашниот натпревар против Мунстер, на кој буквално ја одбранил победата на Шалке со минимални 1:0.

По крајот на средбата, Кариус добил и МВП признание од Бундеслигата, кое сигурно ќе му донесе огромна самодоверба пред периодот кој следи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни